На 24 октомври 2019 година, Комората ОАИ во соработка со Здружението на проект менаџери PMI Macedonia Chapter, во просториите на Комората одржа презентација на тема примена на проекетен менаџмент во градежништвото со цел да ги запознае учесниците со можноста за системско водење на проекти во градежништвото.
Исто така, беше ставено акцент на препознавање на разните процеси во градењето, запознавање со основните области на знаења потребни при раководење на проектите. Покрај тоа, слушателите можеа да слушнат информации со кои ќе можат да направат паралела меѓу секојдневната пракса и нормираните процеси при водење на проекти. По завршувањето на презентацијата се разви дискусија меѓу присутните.
Настанот на кој присуствуваа шеесетина слушатели го отвори Секретарот на Комора ОАИ, Димче Атанасовски, а предавач беше Горанчо Аговски.
Фотографии од настанот