Со оваа одлука, на сите овластувања чиј датум на важење административно (по евиденција) завршува во периодот помеѓу 1 март 2020 и 1 Јули 2020, важењето може да им се продолжи за 120 дена. Обврската за регулирање на членарината се одложува за 120 дена од денот на истек на регуларната важност (според датумот на издавање на овластувањето). Членот ќе ја измири членарината после истекот на рокот за одложување на обврските.
СООПШТЕНИЕ
Почитувани колеги,
- Комората, со генерална одлука ќе ја продолжи важноста на овластувањето за наредните 120 дена од денот на формалното (според евиденцијата) завршување на рокот на важност.
- После периодот од 120 дена, ќе се воспостави нормално продолжување на овластувањата со уплата на регуларната годишна членарина (од 50 евра).
- Во периодот од 120 дена, до измирувањето на членарината овластувањето останува во важност со службена екстензија на рокот на важност во електронскиот регистар, спроведена со повикување на одлуката на УО.
- После добивање на известување од Комората (кое се генерира автоматски), за продолжување на важноста на овластувањето членот може во одговор на е-маил пораката да побара екстензија на важноста за 120 дена и одложување на рокот на плаќање на членарината за 120 дена. Службите ќе постапат според барањето на членот и наредното потсетување ќе биде испратено после 120 дена, а во електронската евиденција ќе се нотира дека овластувањето ќе продолжи да важи во наредните 120 дена.
- За оперативна употреба, членот може да побара да му биде отпечатено овластувањето со продолжениот рок на важење и да му биде испратено скенирано на е-маил, или да го поднесе во општината постоечкото овластувањето заедно со одлуката за продолжена важност која ќе може да се отпечати од сајтот на комората (зависно од барањето на администрацијата на општината).
- Со оглед на сложените околности во стопанството во врска со вирусот КОРОНА, Ве потсетуваме и на можноста за ставање на овластувањето во МИРУВАЊЕ за кое информаци има на сајтот на Комората во делот ОВЛАСТУВАЊЕ И ЧЛЕНСТВО/ПРОДОЛЖУВАЊЕ (Барање за мирување ченство во Комората), при што мирување може да се бара само за во иднина, а не и за некој претходен период во минатото (не е дозволено барање мирување post festum). Формалното образложение за ставање во мирување може да биде: состојба КОРОНА, вонредна состојба, смален обем на работи во врска со самоизолација, изолација карантин и слично, за кое ќе се решава по итна постапка.