Со финансиска поддршка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (во износ од 4500 евра за прва втора и трета награда) Архитектонскиот Факултет распиша меѓународен Архитектонскиот натпревар „Нова просторна реалност на градовите-Пост Covid-19“.
Овој отворен-меѓународен натпревар за архитектонски и урбанистички дизајн е академски и неговата главна цел е да иницира дебата за новите концепти и парадигми кои ќе ја обликуваат иднината на градовите.
Дизајнерскиот предизвик на овој натпревар е да се замисли новата просторна и социјална реалност во нашите градови, да се истражат нови концепти или да се доведат во прашање постојните концепти во архитектонскиот дизајн и урбанистичкото планирање, кои се покажаа застарени за општеството по Covid-19.
Сите архитекти, урбанисти, дизајнери, студенти по архитектура и поединци заинтересирани за темата низ целиот свет можат да учествуваат на овој натпревар на идеи. Предлозите можат да бидат презентирани индивидуално или како тим од најмногу 5 лица.
Работата на жирито е предвидено да се одвива во периодот од 21 април до 11 јуни 2021 година или жирито има 7 недели да донесе одлука за наградите.
Ова се поважните датуми поврзани со роковите на натпреварот:
- Рок за пријавување на конкурс: 07 април 2021 година
- Рок на поставување прашања: април, 07, 2020 година
- Краен рок за доставување на предлогот: 21 април 2021 година (24:00 часот)
- Објавување на победниците: 11 јуни 2021 година
- Доделување награди: 1 јули 2021 година
- Изложба на предлози: септември / октомври, 2021 година.
Со целата комуникација, регистрација и доставување предлози ќе управува Архитектонскиот факултет, УКИМ во Скопје. Исто така, работа на жирито ќе се одвива on-line, заради протоколите и мерките за заштита од Covid-19. Критериумите за наградите и други детали за натпреварот се прикажани на веб-страницата https://newspatialreality.com/.