Во саботата на 18 септември 2021 година, со почеток во 10.00 часот во хотел Театар во Битола се одржа работна средба на Управниот одбор на Комората со собраниските делегати од Битолскиот регион.
Целта на средбата беше информирање на делегатите од Битолскиот регион за тековните активности на Комората поврзани со доработка и усвојување на предлог ценовникот за инженерски услуги и предлагањето измени и дополнувања на новиот нацрт-текст на Законот за градење, како и размена на мислења по однос на состојбите и проблемите во работењето на инженерите во регионот.
Во текот на дискусијата, од страна на присутните делегати беше поздравена иницијативата за дисперзија и локален пристап на работата на Комората, беа изложени локални проблеми со кои тие се соочуваат како инженери и беше истакнато дека вакви средби треба да се случуваат редовно, во сите региони од државата. Ваквиот пристап би придонел за поголема вклученост на инженерите во активностите на Комората локално со цел поефикасно разрешување на заедничките проблеми.