На 12 мај 2022 година, во Скопје се одржа стручен семинар со наслов „Нови технологии и добри практики во геодезијата”, кој воедно беше најава за Генералното Собрание на Советот на геодети на Европа (CLGE), чиј домаќин оваа година е Комората на трговски друштва за геодетски работи на РСМ.
Во првиот дел од стручниот семинар со поздравни говори се обратија г-дин Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски, г-дин Владимир Крупа, претседател на CLGE, проф. д-р Златко Србиновски, декан на Градежниот факултет – Скопје, г-дин Трајан Ангеловски, претседател на ССК, м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората ОАИ и г-дин Никола Рибароски, претседател на Комората на ТД за геодетски работи.
Вториот дел беше наменет за презентации на нови технологии во геодезијата, додека во третиот дел беа изложени добри практики во геодетската дејност од страна на поканети предавачи од Хрватска, Словенија, Косово, Франција и домашни експерти.
Комората на трговски друштва за геодетски работи е субјект која во рамки на своето работење регулира значителна област од градежната индустрија. Природата на геодетските работи е таква што со нив започнува и завршува секоја градба.
Како резиме од овој стручен собир може да се истакне дека инженерството, во целина, е област која што, како ниедна друга е задолжена да обезбеди здрава животна средина, растечка економија и подобра иднина за нашите млади генерации. Токму затоа, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Комората на трговски друштва за геодетски работи се договорија да ја зацврстат и продлабочат својата соработка со потпишување на меморандум во областа на надлежностите за регулирање на статусот на градбите, особено за статусот на бесправно изградените објекти.
Фотографии