ECEC (European council of Engineers Chambers), Европскиот совет на инженерски комори, оваа година своето Генерално Собрание го одржа во Брисел, еден ден пред одржување на 4th European Engineers Day, четвртиот Инженерски ден на Европа на тема "The New Bauhaus - the vital role of Engineering Intelligence".
Комора на овластени архитекти и овластени инженери како полноправна членка на ЕСЕС, претставувана од претседателката Кристинка Радевски и Владе Гроздановски, член на УО и член на Надзорниот одбор на ЕСЕС, го стави својот потпис на Извештајот за работа за 2021 година, како и на стратегијата за периодот 2022-2024, презентирани од претседателот Klaus Thürriedl.
Клучните теми на кои се фокусира работата на оваа меѓународна инженерска организација во следниот период се јавните набавки во градежниот сектор, BIM и дигиталните трансформации, примена и подобрување на CPD практиките, меѓусебно препознавање на инженерските овластувања и вклучување во целокупните активности на Зелениот Договор.
Фотогалерија