Од 13 до 16 јули 2022 година се одржа 74. Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (European Council of Civil Engineers) на кое Комората ОАИ стана полноправна членка.
Генералното собрание, оваа година, по двегодишна пауза на собири со физичко присуство поради пандемијата од Ковид-19, се одржа во Валета, Малта, во организација на Kamra tal-Periti (Комора на архитекти и градежни инженери на Малта).
На собирот, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија ја претставуваше проф. д-р Мери Цветковска, раководител на Одделението на градежни инженери и член на Управниот одбор. Во рамките на програмата, проф. д-р Цветковска ја презентираше македонската Комора и од страна на присутните беше акламативно поздравено и едногласно усвоено приклучувањето во семејството составено од 23 полноправни европски членки и 6 асоцијативни члени од други континенти.
На маргините на 74. Генерално собрание се одржа меѓународна конференција насловена „Надвор од инфраструктурата“ која имаше за цел да ја предизвика улогата на традиционалниот градежен инженер во светлината на променливите барања на инфраструктурата во однос на нето нула градови, декарбонизација и климатски активности.
Повеќе информации за собирот можете да најдете на https://kamratalperiti.org/event/74th-ecce-general-meeting/
Фотографии од настанот