На 13 октоври 2022 година во организација на Делегација на германското стопанство во Северна Македонија (GIZ), во хотел Marriott Скопје, се одржа Средба за вмрежување помеѓу германски и македонски институции и компании.
Средбата ја отворија амбасадорката на Република Германија - Н.Е. Анке Холштајн, министерот за образование - Јетон Шаќири, како и заменик министерката за животна средина - Христина Оџаклиеска. Од канцеларијата на Делегацијата на германското стопанство говореа за бизнис климата во Македонија и проблемите со кои се соочуваат во Македонија но и глобално. Покрај тоа, пред присутните беше претставена програмата за стипендирање млади професионалци.
Во продолжение на собирот присутните беа поделени во работни групи Управување со вода, снабдување со енергија, циркуларна економија, ИТ и дигитализација и Урбанистичко планирање, градежништво и архитектура.
Присутни во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери беа потпретседателот на Комората - Дејан Метикош и член на Одделението на архитекти - Ристо Малков.
На крајот во заклучоците беа разменети искуства во делот на урбанистичко планирање, градежништво и архитектура од компаниите од Македонија и Германија со препорака да се одржуваат почести средби од ваков тип како би се продлабочила соработката помеѓу компаниите од двете земји.
Фотографии од настанот