Во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) на 21 и 22.10.2022 година во хотел Оаза, Штип се одржа Втората Конференција за хидројаловишта. Комората на овластени архитекти и овластени инженери ја поддржа оваа Конференција. Инженер Александар Јанев, претстаник на Одделението на градежни инженери во име на Претседателката и на Управниот Одбор се обрати пред присутните на отворањето на собирот. Во продолжение можете да проследите извадоци од неговото излагање.
Комората има активна улога во континуираниот професионален развој на архитектите и инженерите во земјава. Едукативниот дел и програмските определби за континуиран професионален развој на членовите е еден од носечките столбови на кој се потпира нашето коморско работење. Во рамките на тоа, постојано обезбедува различни професионални инженерски настани кои дополнително ги развиваат професионалните квалификации и вештини на нашите членови, како што се организирање обуки, семинари, конференции и сл. Следејќи ги и споделувајќи ги најновите трендови во архитектурата и инженерството ширум светот, им помагаме на нашите сертифицирани инженери да се доближат до професионалниот инженерски свет.
Покрај тоа, Комората на овластени архитекти и овластени инженери активно ги поддржува сите инженерски здруженија во земјава. Ваквите професионални собири треба да се одржуваат многу почесто, а Комората секогаш ќе биде тука да им даде голема поддршка на сите. Оваа конференција на темата Хидројаловишта сметаме дека е особено вредна за внимание и затоа, со задоволство го подржавме и овој стручен настан.
На крај, ви посакувам успешна работа, квалитетно споделување на искуства и нови и поголеми достигнувања. Со нетрпение ги очекуваме заклучоците од настанот и ви стоиме на располагање за споделување на истите со широката стручна јавност.“
Теми на конференцијата, преточени во трудови за конференцијата, претходно необјавувани, се однесуваа на следните теми: Истражување и проектирање на хидројаловишта од геолошки, градежен, технолошки и еколошки аспект, Искуства од користење на хидројаловишта и градење на јаловишни брани со придружни објекти, Одржување, оскултација, санација на хидројаловишта во фаза на користење, Ремедијација и рекултивација на хидројаловишта во пост сервисниот период и Регулатива за хидројаловишта.
Преземи извештај од Втора Конференција за хидројаловишта
Фотографии од настанот