На 20 октомври 2022 година, во хотелот „Александар Палас“ – Скопје, во рамките на проектот “SEEtheSkills” се одржа Тркалезна маса на тема: „Идентификување на потребните енергетски вештини за постигнување на целите на Зелената агенда“, на којашто професионалните здруженија и асоцијации дискутира за најбараните занимања кои се потребни, кои тренинг шеми недостасуваат и нивно взаемно признавање меѓу земјите, како и компарација на професионалните способности со цел подигнување на свеста за придобивките од енергетските вештини. На Тркалезната маса во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери присуствуваше Нада Брајковска, дипл. маш. инж, раководителка на одделението за Енергетска ефикасност.
Како дел од Европската програма за истражување и иновации „Хоризонт 2020“, во рамките на иницијативата Build Up Skills, од 1 јуни 2021 година, Стопанската комора на Северна Македонија во партнерство со 10 партнери од 5 земји започна со реализација на активностите на Проектот: „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни – SEEtheSkills“.
Во согласност со искуствата и со резултатите од претходните проекти креирани и развиени се неколку алатки и тоа: шеми на обуки за енергетска ефикасност, база на квалификувани професионалци и сертификати кои се прифатени и се користат на национално ниво. Креираните и развиени алатки ќе бидат препознаени и прифатени од другите партнерски земји преку валидација на достигнувањата од една во друга земја, како и хармонизирани со ЕУ стандардите.
Фотографии од настанот