Комората на овластени архитекти и овластени инженери во целост ги подржува и активно се вклучува во трендовите на дигитализација во урбанистичкото планирање. Министерството за транспорт и врски преку системот Е-Урбанизам и Агенцијата за катастар на недвижности преку Графичкиот регистар на градежно земјиште претставуваат комплементарни чинители во урбанистичкото планирање.
Денас на иста маса Комората со Агенцијата за катастар на недвижности и ресорното Министерство за транспорт и врски, дискутираа на тема „Утврдување на можности за унапредување на системите со кои управува Агенцијата за катастар на недвижности“.
По иницијатива на Одделението на урбанисти и планери, а во соработка со Одделението на архитекти, на 1 декември 2022 година, во просториите на Комората се одржа работен состанок со претставници на ресорното Министерство и Агенцијата за катастар на недвижности. Темата на работниот состанок беше формулирана по многубројните укажувања на архитектите и планерите во врска со користење на системите со кои управува Агенцијата за катастар на недвижности, а се поврзани со постапките за урбанистичко планирање. Особен фокус беше ставен на графичкиот регистар на градежно земјиште (ГРГЗ). Од страна на членовите на Комората беа изложени предизвиците со кои се соочуваат во процесот на урбанистичко планирање, поврзани со системот на ГРГЗ. Средбата беше конструктивна, при што од страна на сите присутни беа изложени и разгледани потенцијални решенија.
Трите клучни чинители се договорија дека во рок од неколку дена заеднички да усвојат документ во кој детално ќе бидат образложени предизвиците, предлозите за нивно решавање и роковите за реализација.
Фотографии од состанокот