На 30-ти ноември 2022 година, во големата сала на Комора ОАИ, се одржa стручно предавање од компанијата Legrand. Присутните, во име на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ги поздрави Владе Гроздановски, раководител на Одделението на електро инженери.
Предавањето беше составено од два дела, и тоа: Legrand интегрирани решениjа, стандарди и насоки за дизајнирање на Дата Центар и Софтверски алатки за димензионирање трафостаница, ормари и шински развод за Дата центар. Содржините ги презентираа Бојан Јанковиќ (Head of business development Zone CEE) и Владимир Карановиќ (East BALKAN Tech support Manager) од Legrand.
Детална агенда на предавањето
1 | Coresponding standards and guidelines in datacenter design |
Problematic of non-synchronized international regulation in DC, PUE | |
2 | Facility power In DC |
Power supply in DC | |
Increased safety and availability (IS333 index) | |
Software tools and 3D modeling in DC design: power overhead and switchgears | |
UPS latest trends | |
3 | Facility cooling in DC |
Increasing efficiency with properly designed coolign | |
Cooling of the high density loads (>30kW/rack) | |
4 | White space |
Racks and containements | |
inteligent PDUs | |
Smart sensors and management systems in DC | |
5 | Containerized solutions |
На предавањето присуствуваа педесетина инженери, членови на Комората, кои имаа можност да поставуваат прашања и да учествуваат со свои дискусии на темата. По завршувањето присутните се здобија со сертификати.
Фотографии од предавањето