Почитувани колеги архитекти, кандидати за идни планери,
Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во четврок на 22.12.2022 година ќе се одржи Првата Испитна сесија за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови.
Детали за пријавување за полагање на стручниот испит ќе бидат дадени во наредните неколку денови на веб страната на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на страната на Министерството за транспорт и врски, како и поединечно на вашата емаил адреса.
Со успех!