Друштвото на градежните конструктори на Македонија распишува Јавен конкурс за доделување на признаниja на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2021 и 2022 година.
Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2021, односно 2022 година, за секоја од следните три категории:
- Теориско и/или експериментално истражување на конструкции;
- Проектирање на конструкции,
- Градење на конструкции.
Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конструкторски остварувања во 2021 и 2022 година треба да бидат доставени најдоцна до 31 март 2023 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет - Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1000 Скопје, и/или по електронски пат на email-адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Повеќе информации за конкурсот на http://mase.gf.ukim.edu.mk