На 23 февруари 2022 година во просториите на Комората, се одржа стручно предавање на тема „Основни начела на монтирање и контрола на системите за сува градба“. Ова предавање е прво од серијата предавања кои ќе одржат во наредниот период како резултат на продлабочената соработка на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и компанијата КНАУФ.
На првото предавањето беа таргетирани архитектите и инженерите кои поседуваат овластувања за надзор. Им беа презентирани темите: типови на профили во сувата градба, типови на гипсени плочи и подрачје на примена, технологии и нивоа на обработка на споеви во сувата градба, основни системи на преградни ѕидови (статика, естетика, градежна физика), основни системи на спуштени тавани (статика, естетика, градежна физика), основни системи на ѕидни облоги (статика, естетика, градежна физика), изолациски материјали во системите и контрола на пародифузијата, нормативи на пресметка и наплата на елементи во сувата градба. Предавањето изобилуваше со технички детали за материјалите и начинот на изведба кои им се неопходни на надзорните инженери во нивната секојдневна работа.
Собирот го отвори м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Во своето обраќање ги поздрави присутните и ја претстави заедничката иницијатива на Комората и КНАУФ за континуирана едукација на архитектите и инженерите.
Предавањето го спроведе Блажен Зотовски - Советник за сува градба во КНАУФ. Предавачот, во текот на предавањето пред присутните одговараше и на конкретни прашања поврзани со темата.
Присутни беа педесетина инженери кои директно работат во областа и по завршувањето на предавањата се здобија со сертификати за присуство.
Фотографии од настанот