Новиот Меѓународниот конкурс за Расадник се отвора на 15 март 2023 година и во наредните четири месеци, ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода. Конкурсот се спроведува во соработка со Архитектонскиот Факултет Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија.
Од денес, 15.03.2022 година и сѐ до 03.07.2023 година ќе биде јавно достапен на веб страната на Бирото за јавни набавки, како и на линкот: https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3559-33333
Линк до конкурсот на TED (Tenders Electronic Daily) Europe
Конкурсто е сочинет е од два дела и осум прилози. Првиот дел се програмските насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник, додека вториот дел е конкурсната документација и прилозите кон истата.
Сите евентуални дополнителни прашања може да се поставуваат и на е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Интересно е дека распишувањето се поклопува со 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, после кој решение за новиот лик на главниот град се бараше токму преку Меѓународен конкурс. УН која во далечната 1964/65 со декларација ја презела обврската за реконструкција на Скопје, односно објавувањето на конкурсот за обнова на Скопје, ги препозна и поздрави нашите заложби за иновативни решенија во насока на креирање на услови за хумано и квалитетно живеење во Расадник. Оттука, оваа организацијаво рамките на проектот со кој ќе се одбележи јубилејот од земјотресот, ќе даде стручна поддршка и ќе го промовира Меѓунaродниот конкурс за Расадникпреку своите меѓународни канцеларии, а ќе обезбеди и можност за зголемена транспарентност преку вклучување на набљудувачи во целиот процес.