На 6 мај 2023 година, во организација на Комората ОАИ, во соработка со МТВ и ЗЕЛС се одржа втората Работилница наменета за Економски оператори - Планери за примена на Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање.
Работилницата беше наменета за претставници од Економски оператори – Планерски куќи и Планери.
Како и на првата работилница со поздравен говор се обрати м-р Кристинка Радевски, претседател на Комората ОАИ, а во продолжение според агендата, свои излагања имаа: Михаел Димитровски, диа, раководител на Одделение на урбанисти и планери; Ана Ѓорѓиоска, Министерство за транспорт и врски, Советник за урбанизам и градежни работи; Д-р Душица Трпчевска Анѓелковиќ, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, Раководител на сектор за просторно планирање при Агенцијата за планирање на просторот; Дурим Фетаху, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, Раководител на сектор за урбанизам при Општина Дебар; Д-р Жаклина Ангеловска, диа, член на Одделение на урбанисти и планери при КОАИ, изработувач на Тарифникот и Калкулаторот и Илина Лалкова, диа, Министерство за транспорт и врски, помошник раководител на Сектор за уредување на просторот.
На Работилницата присуствуваа триесетина претставници на Економски оператори – Планерски куќи и Планери, кои воедно се и членови на Комората. Присутните имаа можност да се стекнат со детално познавање за примена на Тарифникот од аспект на составување на Понуди и склучување на Договори за работи од урбанистичкото планирање и проектирање.
Присутните разменија искуства во досегашната примена на Тарифникот, а од дискусиите и практичната работа се здобија со информации кои ќе послужат за изработка на Прирачник за примена на ценовникот, и/или негово дополнување, како и за преземање на идни чекори во насока на усогласување и подобрување на законската регулатива.
Прирачникот би бил изработен и електронски дистрибуиран од Комората, во текот на 2023/2024 година.
Фотографии од настанот