На 31 мај 2023 година, во просториите на Комората се одржа презентација на Алуконигштал Schüco.
Презентацијата беше поврзана со саемот BAU 2023 кој беше посветен на петте водечки теми: „Предизвици кои произлегуваат од климатските промени“, „Иднината на домувањето“, „Ресурси и рециклирање“, „Дигитална трансформација“, „Модуларна монтажна конструкција“.
Присутните ги поздрави м-р Кристинка Радевски, претседателката на КОАИ. Презентацијата ја спроведе Ивана Цимешиќ, претставништво АЛУКОНИГШТАЛ во Македонија.
BAU 2023 - водечкиот светски саем за архитектура, градежни материјали и системи, се врати во Минхен за прв пат од 2019 година. Фокусот годинава беше ставен на можностите за реализирање на климатска градба, ориентирана кон иднината. Изложбата се одржа од 17 до 22 април во Минхен, Германија.
Оваа година, BAU 2023 беше посветен на петте водечки теми: „Предизвици кои произлегуваат од климатските промени“, „Иднината на домувањето“, „Ресурси и рециклирање“, „Дигитална трансформација“, „Модуларна монтажна конструкција“.
Oсобено зголемените климатски промени имаат значително влијание врз градежната индустрија и бараат нови пристапи и концепти. Едно од прашањата што беа разгледани во BAU е како зградите и градовите можат да станат поотпорни на екстремни временски услови. Беа претставени иновативни решенија за еколошка, економична и климатска градба.
Главните теми на BAU беа фокусирани на актуелните предизвици и прашања на градежната индустрија, како што се дигитализацијата, енергетската транзиција и недостигот на ресурси.
Alukönigstahl во партнерствотo со Schüco и Jansen ја разгледува одржливоста како севкупен предизвик, како обврска и движечка сила, а истовремено се фокусира на потребите на клиентите. Врз основа на тоа, се развиваат производи кои активно придонесуваат за одржлива градба.
На пример, апликативната фасадна конструкција со дрвена подградба Schüco AOC.TI (Add-On-Construction, Timber) го задоволува стремежот за поширока употреба на обновливите извори на дрво и во исто време комбинира иновативна технологија и максимална слобода на дизајнот за модерна архитектура . Конструкцијата со сребрен сертификат според програмата Cradle to Cradle Certified® Products овозможува голема носивост, а во исто време со мала видлива ширина на профилите.
Во зелената фасада Schüco AF UDC 80 Green Façade зеленилото ја намалува потрошувачката на енергија внатре преку природно ладење и дополнително го врзува CO2 преку надворешната растителност.
Челикот, од друга страна, е природен и обновлив градежен материјал. Неговата висока носивост со мали димензии заштедува материјал, го намалува обемот на изградба и оперативните трошоци. Системите од челик Jansen се издржливи и ја задржуваат својата вредност. Откако ќе се произведе, челикот може да се рециклира на крајот на неговиот корисен век. На овој начин, изградбата со челични системи дава значителен придонес во заштитата на животната средина и климата.
Во областа на безбедноста, претставена е комплетната палета на производи за заштита од провала и разбивање, од пожар и чад, како и од куршуми и експлозии. Високобезбедните конструкции на SÄLZER (дел од Schüco) нудат максимална заштита од провална кражба, пенетрација на куршуми и експлозија - дури и со видлива ширина на профилот од само 60 mm. Профилно интегрираните тестирани и сертифицирани компоненти со висока безбедност, целосно невидливи однадвор, и соодветното застаклување нудат отпорност на провалување до RC 5, отпорност на куршуми до FB7-NS и максимална заштита од експлозија.
На тема дигитализација во градежниот сектор, Schüco повторно е иноватор. Со паметни мрежни и дигитални производи, обвивката на зградата станува интелигентен интерфејс помеѓу внатрешноста и надворешноста: на пример преку системите за вентилација и управување со зградата, преку одлични системи за контрола на пристап и комуникација со влезни врати.
Не може да не се споменат панорамските лизгачки системи со праг без бариери за непречен пристап, како и фасадите со слободна форма за висок степен на слобода на дизајнот.
Фотографии од настанот