(Роден: 26-11-1935 год. во Солун, починат: 24-06-2023 год.. во Скопје)
Рафаил Влчевски претставува архитект со богато и разновидно творештво од областа на урбанизмот и архитектурата.Се вбројува во градителите на кои го обновуваат градот Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 г.
Забележително е неговото учество во креирање на архитектонско-урбанистичките пристапи во третирање на архитектонските ансамбли. Активно учествувал во изготвување на урбанистичките планови за град Скопје заедно со екипите на Доксијадис од Атина и Полсервис од Варшава на ГУП 1964/65 година и ОУП-Скопје од 1985 година. Бил раководител на работен тим за изготвување на Нацрт-планот за градот Скопје 2002-2020година.
Учествувал на повеќе анонимни архитектонско-урбанистички конкурси на кои бил 14 пати првопласиран.
Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот Факултет во Скопје во 1960г. На тема Културен дом во Реонски центар Кисела Вода, под менторство на проф. Борис Чипан. Магистрирал во Скопје во 1983 година на тема „Урбо-социолошки аспекти на домувањето“ под менторство на проф. д-р Миодраг Јаниќ.
По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје. Тука работел како проектант и раководител на атеље. Од 1989 до 1995год. бил директор на Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје.
Од 1995 до 2000 година работел во Јавното претпријатие за просторни и урбанистчки планови на Р. Македонија.
Со својата работа Рафаил Влчевски даде значаен придонес во архитектурата и урбанистичкото планирање во Македонија, со голем број реализирани проекти и урбанистички планови како и наградени конкурсни трудови во земјата и пошироко. На тој начин придонесе за афирмација на трајните вредности во архитектурата и урбанизмот и промоција на општествената улога на архитектонската професија и нејзина афирмација.
Од богатиот опус на творештвото на архитект Рафаил Влчевски издвојуваме:
За својата инвентивност во сложените архитектонско-урбанистички проекти и планови како и за својот придонес во оваа сфера, ги добил следните признанија:
- 1973 Повелба од Собрание на град Скопје, за особени заслуги во обновата и изградбата на град Скопје
- 1973 Диплома на урбанистичкиот сојуз на Југославија, за долгогодишна работа на развивање на урбанистичко-архитектонската мисла и струка
- 1986 Златна значка на УСЈ, за особени заслуги во развојот на урбанистичкото творештво
- 2018 година добитник на наградата од Комора на овластени архитекти и овластени инженери , именувана „Борис Чипан“
ПОЗНАЧАЈНИ РЕАЛИЗИРАНИ ДЕЛА
- 1967 Архитектонско обликување на коритото на р. Вардар со крајбрежните зони, Скопје
- 1970 Пазариште во Куманово
- 1973 Повеќесемејните станбени објекти во населбата Гоце Делчев во Куманово
- 1976 Станбените комплекси во УЕ А1-1 во населбата Јане Сандаски во Скопје
- 1978 Повеќесемејни станбени објекти во УЕ А1-1 во населбата Јане Сандаски во Скопје
- 1978 Архитектонско обликување на коритото на р. Нишава со крајбрежните зони, Ниш
- 1981 Центарот на М.З. А2 во населбата Јане Сандаски во Скопје
- 1987 Банатска банка Зрењанин (со д.и.а. Благој Колев)
- 1997 Деловниот објект Палата Македонија во Скопје (со д.и.а. Наташа Влчевска)
Позначајни награди
- Идејно решение на “ЕЛЕКТРО-МАШИНСКИОТ” и “ТЕХНОЛОШКИОТ” факултет во Скопје - Југословенски конкурс - 1 награда (со д.и.а. Л. Лагудин и д.и.а. А.Банчотовски)
- Урбанистичко решение на “Центар на Бања Лука” - Југословенски конкурс - 1 награда (со д.и.а. Д. Ванов)
- Идејно архитектонско решение на “Дом на техниката, младината и пионерите” во Скопје - Југословенски конкурс- 1 награда (со д.и.а. Мачкиќ и д.и.а. Д. Ванов)
- Идејно архитектонско решение на комплексот “Градски снабдувачки центар – Бит Пазар” во Скопје - Југословенски конкурс - 1 награда (со д.и.а. Д. Ванов)
- Идејно урбанистичко решение на комплексот “Центар на Куманово” со архитектонско решение на “Домот на култура”
- Југословенски конкурс - 1 награда (со д.и.а. Д. Ванов)
- Идејно архитектонско решение на комплексот “Реонски снабдувачки центар - Идадија” во Скопје, Повикан конкурс - 2 награда
- Идејно урбанистичко решение на потегот “Калемегдан - Славија” - Белград Југословенски конкурс, 1 група на откуп
- (со д.и.а. Мачкиќ и д.и.а. Д. Ванов)
- Идејно урбанистичко решение на “Центар на Винковци”
- Југословенски конкурс - 2 награда (со д.и.а. Д. Ванов)
- Идејно урбанистичко решение на “Центар на Битола” со архитектонско решение на Театар, Југословенски конкурс, откупен труд (со д.и.а. Д. Ванов)
- Идејно архитектонско решение на објектот на “Интеримпекс” – Скопје, Југословенски конкурс - откупен труд (со д.и.а. Мачкиќ)
- Идејно урбанистичко решение на населбата “Капиштец” во Скопје, Повикан конкурс - 1 награда (член на тим)
- Идејно архитектонско решение на објектот на “Национална библиотека” – Скопје, Југословенски конкурс-откупен труд
- Споменик на паднатите борци во Велес, Југословенски конкурс, обештетен
- Идејно урбанистичко решение на “Центар на Краљево” Југословенски конкурс, откупен труд
- Идејно урбанистичко решение на реонот “Аеродром” во Скопје, Повикан конкурс,обештетен
- Идејно решение за Мотел во Брезовица, Повикан конкурс - 1 награда
- Идејно решение на Градско собрание на Град Скопје со урбанистичко решение на Центарот, Повикан конкурс(со д.и.а. Б. Колев)
- Идејно решение на Стоковна куќа во Качаник - 2 награда
- Урбанистичко – архитектонско решение за деловно станбен комплекс Чоробенско ќоше во централното градско подрачје-Куманово-Откуп (со д.и.а. Н. Влчевска)
- Конкурс за изработка на Урбанистичко решение за Републички центар – Скопје (со д.и.а. Н. Влчевска)
- Конкурс – Урбанистичко архитектонско решение на потесниот центар на Аранѓеловац- Југословенски конкурс - Откуп-(со д.и.а. Н. Влчевска)
- Конкурс за Урбанистичко – архитектонско решение на соборен храм Св. Спас –Приштина- Југословенски конкурс - Откуп-(со д.и.а. Н. Влчевска
- Конкурс за изработка на Идејно архитектонско решение за деловните објекти Призренска 1а и балкон 2 и урбанистичко решение на дел од Теразиски тераси-Белград-југословенски конкурс – Откуп - (со д.и.а. Н. Влчевска)