Врз база на спроведената анкета и вашиот интерес за спроведување на обуки за примена на Еврокодовите, подготвен е распоред за месеците септември и октомври, за трите модули, односно за проектирање на бетонски к-ции во високоградбата, челични к-ции во високоградбата и геотехнички к-ции, за секој регион поодделно. Обуките за проектирање на бетонски и челични мостови ќе бидат најавени дополнително. Доколку за одредена обука бројот на пријавени е поголем од планираниот (20 до 25 слушатели), ќе биде формирана и дополнителна група. Минималниот број на слушатели за кој би се формирала група во одреден регион изнесува 10. Поради малиот интерес на колегите од Тетовскиот регион, обуките се пренасочени во Скопје.
Обуките ќе бидат во траење од 5 работни дена, распределени во 2 недели, во период од 14 до 18 часот. Цена за еден модул изнесува 100 евра (во денарска противвредност).
Напомена: Колегите кои веќе се регистрирале во претходниот циклус и направиле плаќање за обуките потребно е да пратат емаил порака на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со терминот во кој планираат да ги следат соодветните модули.
Доколку сте заинтересирани да следите обука, а не сте регистрирани, тоа можете да го направите на линкот покрај секој термин поединечно најдоцна 1 недела пред почетокот на истата (за обуките кои почнуваат на 11.09.2023 година, рок за пријавување е 08.09.2023 година).
Обуките во Скопје ќе се држат во просториите на КОАИ и се планираат во следните термини:
- Обука за бетонски к-ции – БК-СК: 11.09., 12.09., 14.09., 18.09. и 20.09. (линк)
- Обука за челични к-ции – ЧК-СК: 25.09., 27.09., 02.10., 04.10. и 05.10. (линк)
- Обука за геотехнички к-ции – ГТ-СК: 16.10., 17.10., 18.10., 19.10., 20.10. и 21.10. (линк)
Обуките во Битола ќе се држат во просториите на Техничкиот факултет и се планираат во следните термини:
- Обука за челични к-ции – ЧК-БТ: 11.09., 13.09., 15.09., 18.09. и 20.09. (линк)
- Обука за бетонски к-ции – БК-БТ: 02.10., 03.10., 05.10., 09.10. и 12.10. (линк)
- Обука за геотехнички к-ции – ГТ-БТ: 16.10., 17.10., 18.10., 19.10., 20.10. и 21.10. (линк)
Обуките во Штип ќе се држат во просториите на Универзитетот Гоце Делчев и се планираат во следните термини:
- Обука за бетонски к-ции – БК-ШТ: 18.09., 20.09., 22.09., 25.09. и 26.09. (линк)
- Обука за челилни к-ции – ЧК-ШТ: 03.10., 05.10., 09.10., 12.10. и 13.10. (линк)
Доколку бројот на пријавени се зголеми ќе бидат дефинирани и дополнителни термини.
Доколку Ви е потребна помош за регистрација или Ви се потребни дополнителни информации обратете се кај Александар Манчевски на 078/406-597.