На 6 октомври 2023 година се одржа целодневна работилница, дел од „13 Советување за водостопанство и хидротехника“ во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Настанот беше организиран од Здружението Македонски комитет за големи брани - ЗМКГБ. Овој собир, на кој присуствуваа претставници од приватниот и јавниот сектор, беше одлична можност за размена на искуства и знаења од различни генерации на хидротехничари и водостопанственици. Беа елаборирани темите:
Сегашна состојба во користењето на водите (водоснабдување, наводнување, хидроенергетика) и одбрана од поплави. Администрирање со водите и можности за подобрување на организационата поставеност на водостопанството. Подобрување на сигурноста и функционалноста на старите брани. Повеќенаменски акумулации - активна мерка за ублажување на влијанието од климатските промени. Предизвици за браните и акумулациите предизвикани од изградба на соларни и ветерни централи. Вториот дел од Советувањето е конципирано со стручна посета во сабота ( 07.10.2023 ) на браната на реката Отиња во Штипско со придружните објекти во фаза на градба. Советувањето е бодирано со 4 CPD за континуиран професионален развој од Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Во продолжение фотогалерија: