Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE го пренесува повикот за аплицирање за „SHARE Architecture Awards“.
Наградите се посветени на славењето на архитектонската посебност во Централна и Југоисточна Европа.
Во организација на SHARE Architects, овој настан има за цел да ги потенцира вонредните проекти во нашиот регион. Апликациите може да ги поднесат архитекти и учесници во проектите завршени помеѓу 1 јануари 2021 година и 31 декември 2023 година, во една од земјите: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грузија, Грција, Унгарија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Полска, Република Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија или Чешка.
Истакнати експерти ќе ги оценуваат пријавите, обезбедувајќи правична и сеопфатна евалуација за секој одделен проект.
Пријавувањето се врши на следниот линк.
- Посети: 521