Комората како членка на ИКОМОС ја пренесува информацијата за организирањето на серија вебинари за процесите поврзани со надлежностите за Светското наследство на кои можат да присуствуваат сите членови на Европската група на ИКОМОС.
Вебинарите на кои ќе презентираат надлежните од Одделите за светско наследство на ИКОМОС, ќе се одржуваат на следниве датуми:
21 мај - Тема: Процес на евалуација
28 мај - Тема: Прелиминарна оцена
4 јуни - Тема: Состојба на зачуваност
Сите вебинари ќе се одржуваат 14:00 до 15:30 часот.
Ве покануваме доколку сте заинтересирани да се пријавите на следниов линк.
Линкот до избраниот вебинар ќе го добиете по е-мејл еден ден пред неговото одржување.