Комората ги пренесува последните известувања од Европската Комисија.
• Европскиот натпревар за социјални иновации (EUSIC) доделува три награди за најдобри социјално-иновативни проекти за поинклузивна, праведна и одржлива Европа. Натпреварот е започнат во 2013 година во спомен на пионерот за социјални иновации Диого Васконселос.
• Проектот NEB University and NEB Youth Movement е замислен како едукативна мрежа за едукација на сите граѓани да станат нематеријални градители на општеството и заедницата и да станат нематеријални и материјални креаторина промени преку интердисциплинарност, критичко размислување и зголемени придонеси од сите општествени и хуманистички науки, преку нов светоглед и преку зајакнат граѓански и/или уметнички активизам/креација.
• Презентација на ACTIONbook и претстојната подготвителна акција на ЕУ за трансформативните иновации. Решавањето на сложените предизвици бара различни алатки, начин на размислување и пристапи од оние кои традиционално се користат. Иновациската политика сама по себе не може да ни помогне да се справиме со ваквите проблеми, ниту да го постигнеме Европскиот зелен договор. За ова, меѓутериторијалната соработка, управувањето со мрежата и координираните политики и акции овозможуваат напори на локално, регионално и национално ниво да се постигне долгорочна општествена благосостојба и развој отпорен на климата.
Повеќе информации на следниот линк.