BIG SEE претставува платформа, која ги препознава достигнувањата и потенцијалот на повеќе сфери, од архитектура и дизајн до уметност, култура и стил на живеење, спорт, наука, образование и политика, бизнис, патување и храна.
BIG SEE е позиционирана со седиште во Љубљана, Словенија, со првичен таргет на Југоисточна Европа. Секоја година се приклучуваат се повеќе земји и вон овој регион. Оваа година BIG SEE делуваше во вкупно 21 држава, меѓу кои и во Италија и Австрија.
Секоја година, во различни категории на креативност, BIG SEE има за цел да ги истакне најдобрите и притоа презентира на пошироката јавност, доделувајќи им награди. Преку тоа BIG SEE се обидува да стане мост и да ги поврзе бизнисите да работат заедно и постигнат повисоки вредности во полињата на интерес.
Оваа година настанот се оддржува на 15 и 16ти мај, на адреса Litostrojska cesta 56 во индустрискиот дел на Љубљана. Во одлично адаптираната хала, организирани се 4 сцени за презентација на победничките проекти и доделувањето на наградите. Покрај овој дел од програмата во тек се конференции, дебати на различни теми и изложби.
Наградени се вкупно 5 македонски проекти:
1.Residential House A1 – Vodno House
4. MTEL
5. International Balkan University – Digital Library
Автор: Филип Конески
Преземено од МАРХ