Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Северна Македонија, како институционален партнер на форумот SHARE ве информира дека сеуште има можност за пријавување до 15 Јуни 2024 година на „SHARE Architecture Awards“, но со соодветна котизација.
Пријавувањето се врши на следниот линк.
Наградите се посветени на славењето на архитектонската посебност во Централна и Југоисточна Европа.
Во организација на SHARE Architects, овој настан има за цел да ги потенцира вонредните проекти во нашиот регион. Апликациите може да ги поднесат архитекти и учесници во проектите завршени помеѓу 1 јануари 2021 година и 31 декември 2023 година, во една од земјите: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грузија, Грција, Унгарија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Полска, Република Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија или Чешка.
Истакнати експерти ќе ги оценуваат пријавите, обезбедувајќи правична и сеопфатна евалуација за секој одделен проект.