Аплицирањето за - „SHARE Architecture award“ завршува на 15 Јуни 2024 година во 19:00 часот по локално време. Проектите соодветни за номинација мора да ги исполнуваат следните критериуми: Проектите треба да се завршени помеѓу 1 јануари 2021 година и 31 декември 2023 година. Проектите мора да бидат лоцирани во една од следниве земји:
Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грузија, Грција, Унгарија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Република Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија или Чешка.
Право на учество на натпреварот имаат архитекти, изведувачи, инвеститори и корисници.
Пријавувањето се врши на следниот линк.
Наградите се посветени на славењето на архитектонската посебност во Централна и Југоисточна Европа.
Во организација на SHARE Architects, овој настан има за цел да ги потенцира вонредните проекти во нашиот регион. Апликациите може да ги поднесат архитекти и учесници во проектите завршени помеѓу 1 јануари 2021 година и 31 декември 2023 година, во една од земјите: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грузија, Грција, Унгарија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Полска, Република Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија или Чешка.
Истакнати експерти ќе ги оценуваат пријавите, обезбедувајќи правична и сеопфатна евалуација за секој одделен проект.