На 14 и 15 јуни 2024 година, во просториите на НУ Центар за култура во Битола, беа одржани Вторите денови на електроинженери во организација на одделението на електроинженери при Комората за овластени архитекти и инженери.
На свеченото отворање на дводневниот настан од областа на електротехниката, свое обраќање имаа: Претседателката на КОАИ м-р Кристинка Чулак, Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, Деканот на ТФБ проф. д-р Митко Костов, претставник на Струковата Комора на електроинженери на Црна Гора Младен Терзиќ, претставник на Хрватската комора на инженери од електротехника Грго Жапер, Раководителот на одд. електротехника при КОАИ Владе Гроздановски и Градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски кој воедно и го прогласи настанот за отворен.
Спонзори на Вторите Денови на електроинженери беа Legrand - златен спонзор, ETI и Sensor - сребрени спонзори, а поддржувачи на настанот беа: ЕЛЕМ, ЕВН, Електро Ексклузив, Мак Каб, Раде Кончар ТЕП, Schneider, ELSIS и OBO Betterman.
Првата презентација беше од златниот спонзор LEGRAND со една многу актуелна тема: Електрични возила и системи за непрекинато напојување. Во продолжение се одржа тркалезната маса со претставник од ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ, Јане Јаневски, на која се дискутираше за Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и приближување кон ЕУ регулатива. Темата побуди голем интерес кај присутните. Појаснувања на специфични делови од презентацијата имаше и од страна на Миле Дабески, вработен во ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ и член на Одделението на електроинженери при КОАИ. Со завршувањето на тркалезната маса се приведе при крај и работниот дел од настанот, дискусијата продолжи во изложбениот дел каде свои штандови и излагања имаа спонзорите и поддржувачите на настанот и подоцна во неформално дружење.
Вториот ден предавањата започнаа во 9:00 часот со предавањето на м-р Мерита Дема на тема: Енергетска транзиција и регулаторна рамка. По неа предавање одржа проф д-р Василија Шарац на тема: Влијание на различни типови на потрошувачи врз електричните мрежи. Од 10:00 до 10:30 предавање имаше проф д-р Драган Миновски на тема: Интегрирање на ФВЦ на дистрибутивно ниво за западен балкан.
Во вториот блок предавања, проф д-р Методија Атанасовски ја презентираше темата: Активни дистрибутивни мрежи и дистрибуирани ресурси. По него, од 11:15 до 11:45 презантација одржа проф д-р Димитар Димитров на тема: Можности за подигнување на приемниот капацитет на дистрибутивната мрежа. Од 11:45 до 12:15 предавање одржа Драган Христовски на тема: Енергетски трансформатори - монтажа, испитување и пуштање во работа.
Во третиок блок свои предавања имаа претставниците на сребрените спозори, и тоа: за Сенсор, Филип Конески и Теодор Тошев со темата: Паметни решенија со Сенсор и за ЕТИ, Љупчо Јиксимовски и зборуваше на тема: Избор на диференцијална заштита за модерни инсталации.
Последното предавање го спроведе проф д-р Васко Здравески на тема: Проектирање на систем за електрично осветлување на спортски сали со користење на генетски алгоритам.
На двата дена на настанот присуствуваа вкупно околу 180 инженери и соработници на Одделението на електроинженери.
- Преземи ги презентациите од Вторите Денови на електроинженери
Фотогалерија:
Информација од Првите денови на електроинженери одржани во 2023 година