Комората ја пренесува информацијата од Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (Europeаn Council of Civil Engineers), во врска со вебинарот кој ќе се одржи на 19 Ноември 2024 година со почеток во 16:00 часот на тема: „Виртуелен дизајн, нови технологии, безбедност и здравје при работа во градежната индустрија – искуства од дански проект“.
Оваа сесија е наменета за координаторите и инженерите за здравје и безбедност во градежниот сектор кои се заинтересирани да научат како напредокот во технологијата може да поддржи побезбедна и поефикасна работна средина.
Повеќе информации на следниот линк.