Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти ја има честта како свој почесен гостин да го пречека г-дин Кристоф Најдовски, француски политичар и актуелен заменик-градоначалник на Париз задолжен за ресорот обновување на вегетацијата на јавниот простор, зелените површини, биолошката разновидност и состојбата на животните. Г-динот Кристоф ќе ги сподели своите искуства во водењето и спроведувањето „зелени политики“ и ќе се обиде да направи паралели помеѓу европските и балканските контексти за управување со урбаните простори и воведување одржливи решенија за животната средина. Како поранешен Претседател на Европската велосипедска федерација и велоентузијаст, Кристоф ќе се осврне и на инструментите за спроведување на вело-инфраструктура во урбаните центри низ Европа.
- Посети: 767