Ве известуваме дека од страна на техничкиот комитет ИСРСМ ТК 25 - Бетон, производи од бетон и ѕидарија при ИСРСМ, е подготвен нов македонски национален стандард,"НМКС 1030 - Правила за примена на МКС EN 13670:2010 Изведување на бетонски конструкции".
Овој стандард е пуштен на јавна расправа од месец ноември 2024 година до крајот на месец февруари 2025 година. Повеќе информации за стандардот може да се најдат на интернет страната www.isrѕm.gov.mk, каде е достапна нацрт верзијата на стандардот. Со користење на алатката "Web reading - Веб читална" имаат можност сите за пристап до содржината на стандардот како и можност за гласање и поднесување коментари.