На 21 декември 2024 година (сабота) со почеток во 12:00 часот се одржа седница на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Седницата се одржа хибридно со физичко присуство и online на платформата Microsoft Teams. Со седницата заседаваше Заменик Претседавачот на Собранието Мицко Чадиноски, во присуство на 30 делегати во салата на Комората и 13 делегати виртуелно.
Главната точка на седницата ја презентираше Претседателката на Комората г-ѓа Кристинка Чулак. Предлог програмата претставува интегрален текст со исклучителен придонес на Раководителите на одделенијата и нивните членови заедно со Управниот Одбор. Во програмата се опфатени програмите на сите дванаесет одделенија со планирани финансиски импликации. Делот кој се однесуваше на стручната служба и дигитализацијата го презентираше Генералниот секретар Александар Манчевски.
По исцрпната дискусија и значителните идеи и предлози, Годишната програма со финансискиот план за работа на Комората во 2025 година беше едногласно усвоена од присутните делегати на Собранието.
Во продолжение фотогалерија од настанот.