Во рамките на свеченоста Ден на Комората која се одржа на 21 Декември 2024 година во салата на Комората по 11 пат беа доделени 4 награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство.
Наградата од областа на архитектурата и урбанизмот го носи името на доајенот на македонската архитектура, почитуваниот професор Борис Чипан и претставува најголемо признание кое Комората го доделува на своите членови за значајни достигнувања и постигнати резултати остварени во сферата на архитектонското творештво, просторното и урбанистичко планирање, градителството, придонес во делувањето во организацијата, афирмирање на инженерската професија, научно – истражувачка и публицистичка дејност.
На свеченоста, во име на двете одделенија се обрати Раководителката на одделението за архитектура г-ѓа Веселинка Герасимова Петровска.
Во своето обраќање на почетокот таа го истакна фактот дека оваа година имало 4 номинации со што процесот на одлучување бил исклучително возбудлив, достоинствен и свечен на крај што резултирал, наградата оваа 2024 година да ја понесат архитектите Илија БОЖИНОВСКИ и Дејан СЕКУЛОВСКИ.
Потоа Герасимова Петровска се осврна на обемното творешво на добитниците кои заедно преку „Синдикат студио“ опстојуваат од 2005 година.
Во текот на професионалната кариера за своите реализирани проекти добитници се на голем број награди меѓу кои најзначајни се:
• 2024 EU Mies Award Nominee ‐ Изложбено дистрибутивен центар со магацин Балканија, Скопје
• 2023 Голема годишна награда за Архитектура на ААМ ‐Изложбено дистрибутивен центар сомагацин Балканија
• Скопје 2023 БИМАС– Награда запроект одобласта на архитектурата за станбена куќа Арс
• 2015 Награда „Милан Злоковиќ“ на АСА‐ Изложба: „Уметност архитектуре“за најдобро архитектонско дело во регионот „Спомен куќа на Тоше Проески“ во Крушево
• 2011 WorldArchitectureFestivalBarcelona, Spain
• Memorial House –Todor Proeski, Krusevo Macedonia 1st prizePeople’s Choice Award
• 2011 Голема годишна награда за Архитектура на ААМ Спомен куќа на Тоше Проески во Крушево
• 2006 БИМАС ‐ Биенале на Македонската Архитектура Специјална награда за урбан проект и дизајн
• 2011 Добитници се на Наградата „8 Септември“, највисока општинска награда по повод Денот на независноста на РМ и Денот на ослободувањето на Крушево за посебен придонес и афирмација на Крушево.
На крај на своето обраќање Герасимова Петровска се наврати на една мисла од професорот Борис Чипан, а таа е: „Станав архитект навидум случајно, но имаше во мене нешто што во тој момент се склопи во една идеја".
Во продолжение, Раководителката на одделението за Архитектура - Веселинка Герасимова Петровска заедно со Раководителот на одделението за Урбанизам - Михаел Димитровски, на добитниците свечено им ги доделија плакетите за придонес во развојот на инженерската струка.
Информација за добитниците во изминатите десет години можете да најдете на следниот линк.
Информација за „Синдикат студио“ можете да најдете на следниот линк.