Ве известуваме дека Комората на овластени архитекти и овластени инженери спроведува процес на ажурирање на податоците во Регистарот на членови. Целта на оваа активност е да обезбедиме ажурирани и точни информации за сите наши членови, во согласност со законските обврски и потребите на Комората.
Љубезно Ве замолуваме да ги проверите и потврдите Вашите податоци, како и да доставите ажурирани информации во случај да е потребно.
Доколку податоците се точни и нема потреба од промена не е потребно да правите ништо, а доколку има промена тоа можете да го направите на следниве начини:
- Ако не сте регистрирани претходно, потребно е да се регистрирате на електронскиот Регистар на Комората на линкот https://clen.komoraoai.mk/ со емаил адресата на која ја добивте оваа порака и доколку има потреба од промена на податоците кликнете на копчето „Промени податоци“. Промената ќе биде валидирана од овластено лице во Комората.
- Во случај со емаил адресата на која ја добивте оваа порака да се регистрирани повеќе членови или од друга причина не сте во можност да се регистрирате, преземете и пополнете го формуларот за ажурирање на податоци (достапен овде) и прате скенирана потпишана копија на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Краен рок за ажурирање на податоците: 30 јануари 2025 година.
Доколку имате прашања или Ви е потребна дополнителна помош, контактирајте го Координаторот на Вашето Одделение