Во среда на 26.3.2025 година, во просториите на Комората се одржа презентација на компанијата Neshvyl од Србија. Поглавјата кои беа обработени се следните:
Системи за хидроизолациона заштита на мостовски конструкции со примена на хидроизолациони системи на база на MMA – прскана хидроизолација „Eliminator“:
Преглед на проекти: мостовите „Михајло Апостолски“ (бул. АСНОМ) и „Мост Љубљанска“ во Скопје.
Коловозна површина на мостот – систем на хидроизолација „Eliminator“.
Пешачки и велосипедски патеки на мостот – противлизгачки премаз „Safetrack SC“.
Презентација на мостовски конструкции каде што се вградени овие системи на територијата на Западен Балкан.
Системи за хидроизолациона заштита на тунелски конструкции изработени на отворено (Cut and Cover) со примена на хидроизолациони системи на база на MMA – прскана хидроизолација „Integritank“ заедно со претходно вградена мембранска хидроизолација „Preprufe“:
Пример на вградување во проектот: Реконструкција и модернизација на пругата Нови Сад-Суботица, „U“ рам конструкција.
Повеќе информации на https://neshvyl.com/
Во продолжение фотогалерија од настанот