Комората ја пренесува информацијата за on-line работилницата „Втората генерација Еврокодови: клучни промени и придобивки низ дадени примери“ што ќе се одржи од 3 јуни до 5 јуни 2025 година на следниот линк. Работилницата е главниот настан во 2025 година за промовирање на претстојното објавување на еврокодовите од втората генерација и поддршка на нивната имплементација во државите-членки на ЕУ и сите други заинтересирани држави.
Настанот ќе биде бесплатен и отворен за сите професионалци од областа на градежништвото, администрацијата на градежните власти и засегнатите страни од областа на градежниството и геотехниката, кои ќе имаат можност да ги научат деталите за практичната употреба на новите еврокодови директно од авторите на стандардите. На работилницата ќе бидат презентирани примери за имплементација/проектирање за сите EN еврокодови од втора генерација и новите Технички спецификации за проектирање на конструкции од полимерни композити и мембрански структури, обезбедени од Поткомитетите и работните групи на Техничкиот комитет на CEN 250 „Структурни еврокодови“. Работилницата е организирана од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.
Ве молиме имајте предвид дека крајниот рок за регистрација е 25 мај 2025 година на следниот линк.
Повеќе информации за новите еврокодови и временската рамка за нивно објавување на следниот линк.