Комората ве известува дека е основана Фондацијата „Миленија и Дарко Марушиќ“ www.mdmfondacija.org, со цел промовирање на архитектурата како важен и комплексен сегмент од културата.
Една од главните цели на Фондацијата е доделување награда за исклучителна креативна работа реализирана во областа на станбената архитектура која, преку истражување и со општествена одговорност, ја проблематизира темата за модерното домување и прави чекор напред во однос на сегашната пракса. Право на учество имаат автори или авторски тимови од целиот простор на поранешна Југославија. Правилата и условите за доделување на наградата ќе бидат објавени навремено кон крајот на мај на веб-страницата на Фондацијата.