Почитувани членови на КОАИ,
Согласно Одлуката за распишување на избори во Комората за мандатен период 2025-2029, донесена од страна на Собранието на Комората, на 22.02.2025 година (преземи), како и Одлуката донесена од Собранието на КОАИ на 30.04.2025 година за продолжување на изборниот процес (преземи) ве известуваме за начинот на продолжување на изборниот процес во КОАИ за мандатниот период 2025-2029 година.
Во прилог на оваа известување ви го доставуваме предложениот термин план од страна на ЦИК, усвоен од УО на КОАИ на 27.05.2025 година.
ТЕРМИН ПЛАН ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ИЗБОРЕН ПРОЦЕС |
|||
Р.бр. |
датум |
активност |
одговорен |
1. |
30.04.2025 |
Одлука донесена од Собранието на КОАИ на 30.04.2025г |
Собрание |
2. |
5.05-21.05.2025 |
Разгледување на материјали за продолжување на изборниот процес и предлог одлука за начинот на продолжување на изборниот процес и корегиран термин план |
ЦИК |
3. |
26.05.2025 |
Потврдување на одлуката за начинот на продолжување на изборниот процес и корегиран термин план |
УО-КОАИ |
4. |
27.05.2025 |
Известување до членството за продолжување на изборниот процес |
ЦИК служби на КОАИ |
5. |
28.05-03.06.2025 |
Повик за доставување на корегирани и дополнителни кандидатури (доставени по меил на сите номинирани кандидати и членови со можност за тоа) |
ЦИК |
6. |
05.06.2025 |
Објавување на целосна листа од прифатени номинации за кандидатури за членови во Собрание (на веб страна на КОАИ) |
ЦИК |
7. |
11.06.2025 |
Избор на делегати за Собрание и објавување на резултати на веб страна на КОАИ |
ЦИК служби на КОАИ |
8. |
16.06- 23.06.2025 |
Повик за одделенски кандидатури, односно одделенски предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ (од листата на избрани делегати) - согласно член 108, став 3 од Законот за градење и член 10 од Статутот на КОАИ |
ЦИК Одделенија на КОАИ |
9. |
најдоцна до 23.06.2025 |
Доставување на одделенските предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ до ЦИК |
Одделенија на КОАИ |
10. |
24.06.2025 |
Разгледување на одделенските кандидатури, односно предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ (од листата на избрани делегати) и објавување на листата на прифатени одделенски кандидатури, односно предлози за Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ |
ЦИК |
11. |
25.06.2025 |
Закажување на собраниска седница и праќање на материјали за седница на Собрание на 05.07.2025г., |
КОАИ/ ЦИК |
12. |
05.07.2025 |
Конститутивна седница, верификација на мандати на делегати, избор на Претседавач и Заменик Претседавач на Собрание на КОАИ |
Собрание/ ЦИК |
13. |
07.07. 01.09.2025 |
Повик за кандидатури за Раководители на професионални одделенија |
ЦИК |
14. |
07.07. 01.09.2025 |
Повик за кандидатури за Претседател и Заменик Претседател на КОАИ |
ЦИК |
15. |
01.09-03.09.2025 |
Разгледување на добиените кандидатури и нивно проследување до одделенијата на комората |
ЦИК |
16. |
03.09- 15.09.2025 |
Одделенски избор на Раководител и Заменик раководител, (мандатот на одбраните кандидати се верифицира на собраниска седница предвидена за 04.10.2025) Предлог за Председател и Заменик председател на КОАИ и номинација на членови за НО (Изборот од предложените кандидати за Претседател и Заменик претседател се врши на собраниска седница предвидена за 04.10.2025) |
одделенија |
17. |
До 19.09.2025 |
Проследување на листата на номинирани кандидати до ЦИК, од страна на одделенијата |
одделенија |
18. |
23.09.2025 |
Финална листа на кандидатури за извршни функции во КОАИ: - раководители на одделенија: - Претседател и Заменик Претседател на КОАИ - Членови на НО |
ЦИК |
19. |
24.09.2025 |
Закажување на собраниска седница и праќање на материјали за седница на Собрание на 04.10.2025г. |
КОАИ/ ЦИК |
20. |
04.10.2025 |
- Избор на Претседател и Заменик Претседател на КОАИ - Верификација на мандатите на Раководители на професионални одделенија; - Избор на членови на НО |
Собрание/ ЦИК |
Согласно ажурираниот пресек на членство од 06.03.2025 година, активно членство до 21.03.2025 година и ажурираните податоци по поднесените барања до службите на комората до 04.04.2025 година по однос на матичност и регионална припадност согласно лична карта, номинираните кандидати кои имаат можност за корекција на своите номинации, како и членовите кои имаат можност да достават номинација согласно ревидираните податоци, ќе бидат известени од страна на службите на КОАИ, односно ЦИК преку електронска пошта на 28.05.2025 година.
Со почит,
Централна изборна комисија
Председател,
Д-р Анастасија Трајковска