Почитувани членови на Комората,
На 11.6.2025 година, од 9 до 15 часот, по електронски пат се спроведоа избори за делегати во Собранието на Комората за мандатен период 2025-2029 година. Секој активен член во Комората доби емаил порака од електронскиот систем за гласање ElectionRunner, преку кој со едноставна постапка можеше да го оствари своето право на глас.
Во продолжение можете да ги преземете резулатите од гласањето со алатката ElectionRunner, објавени од страна на Централната Изборна Комисија.
Напомена: Во Одделението на инженери по животна средина ќе има прегласување, за кое членовите на Одделението ќе бидат дополнително известени.