На 23 јуни во Брисел беше одржан завршен настан за презентација на резултатите од проектот Е4Е – Engineers For Europe.
Е4Е претставува тригодишна проектна активност, во која ЕСЕС – Европскиот совет на инженерски Комори, чија членка е нашата Комора, беше една од 12те партнери.
На настанот, во присуство на претставници на орагнизациите кои обединуваат повеќе од 300.000 инженери, координаторот г-дин Dirk Bochar и Ralph Appel -Претседателот на Engineers Europe, како носители на проектната активност ги дадоа завршните заборови за Стратегијата за Вештини - Skills Strategy, која во суштина беше крајниот излезен документ. Предлогот за оформување на European Engineers Skills Council беше прифатен од сите учесници, со низа од конструктивни предлози за начинот на негово функционирање, финансирање и одржливост.
Претседателката Кристинка Чулак, како потпретседател на ЕСЕС присуствуваше на настанот заедно со Претседателката и Генералниот Секретар на ЕСЕС.
На линкот можете да го превземете текстот на Стратегијата за Вештини - Skills Strategy.
Engineers4Europe Skills Strategy 2025
Фотогалерија