На 12 ноември 2025 година се одржа дваесет и деветтата седница на Централната изборна комисија, со единствена точка на дневен ред – следење на процесот на гласање за дополнителни делегати во Собранието на КОАИ за мандатниот период 2025–2029 година.
Гласањето се спроведе електронски, преку алатката Election Runner, во периодот од 10:00 до 15:00 часот истиот ден.
Избрани делегати:
-
Наташа Неделковска – Одделение геотехника и
-
Дарко Спасеновски – Одделение сообраќај.
За Одделението архитектура - Регион 2, двајцата кандидати освоија еднаков број гласови, резултатот ќе биде проследен до одделението за понатамошно постапување.






