Европскиот Совет на Инженерски Комори (European Council of Engineers Chambers - ECEC) го одржа своет 28-мо Генерално Собрание на 7 ноември 2025 година во Никозија, Кипар. Домаќин на настанот беше Кипарската Техничка Комора (ETEK), која исто така е членка на ЕСЕС.
На ова Собрание присуствуваа претставници од сите 17 земји членки на Европскиот совет. Тие се собраа за да разговараат за актуелните предизвици, да разменуваат идеи и да развиваат заеднички ставови за обликување на иднината на инженерската професија во Европа. Македонската Комора беше претставувана од м-р Кристинка Чулак, која е Потпретседател на ЕСЕС и Владе Гроздановски, Член на Надзорниот Одбор на ЕСЕС.
Претседателка на ECEC Нина Дражин Ловрец, елаборирајќи ги активностите на ЕСЕС во изминатите 10 месеци работа на новото раководство, ги истакна бројните достигнувања на Советот, како што се Луксембуршката Декларација за Јавни Набавки, која ги обединува речиси 1,5 милиони инженери и архитекти низ Европа, промовира квалитет, иновации и фер конкуренција на пазарот, а многу од нејзините клучни принципи веќе се прецизирани во резолуцијата на Европскиот парламент за ревизија на Директивата за Јавни Набавки.
На овогодинешното есенско Генерално Собрание, беа презентирани резултатите од работата на Работната група задолжена за Дигитализација, Иновации и БИМ, раководена од Кристинка Чулак, која спроведе две анкети помеѓу членовите на ЕСЕС, на теми: „Дигитализација во градежништвото“ и „BIM во градежништвото“.
Дополнителни беа дискутирани уште неколку теми кои ште се актуелни меѓу Европските архитекти и инженери во овој период, а кои што се поврзани Ревизијата на Директивата за Јавни Набавки, Достапното Домување и Заедничката Рамка за Обука (CTF).
На овој настан, на поранешниот Благајник на ECEC, Gabor Szöllössy од Унагарија, му беше доделена награда за почесен член, со што ECEC изрази длабока благодарност за неговиот извонреден придонес кон инженерската професија.
Во оваа прилика беше потпишан Меморандум за разбирање (MoU) со Меѓународната Организација за Координатори за Безбедност и Здравје при градење (ISHCCO), со цел поблиска соработка во промовирање на безбедноста, квалитетот и извонредноста во европскиот инженерски сектор






