Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери се одржа Националниот информативен ден за програмата LIFE, со учество на над 70 претставници од државни институции, општини, универзитети, граѓански организации и приватниот сектор.
Настанот се фокусираше на новите повици за проекти, можностите за финансирање, критериумите и постапките за аплицирање, како и подготовката на квалитетни проекти во областа на животната средина, климатските промени и транзицијата кон чиста енергија.
Настанот е дел од проектот eHUB4LIFE, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел зајакнување на националните капацитети за успешна апликација во програмата LIFE.






