
Свечено собрание по повод Златниот јубилеј „50 години ДГКМ – Друштво на градежни конструктори на Македонија, предводници на градежното конструкторство“
На 12.06.2026 година, на Градежниот факултет во Скопје се одржа Свечено собрание по повод Златниот јубилеј „50 години ДГКМ – предводници на градежното конструкторство“, со кое беа одбележани пет децении од постоењето и дејствувањето на Друштвото на градежни конструктори на Македонија.
На настанот присуствуваше и претставникот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, раководителот на одделението за градежништво проф. д-р Маријана Лазаревска.
Како признание за долгогодишната и успешна соработка помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инжинери и Друштвото на градежни конструктори на Македонија, на Комората и беше доделено признание за долгогодишен поддржувач на ДГКМ, кое го прими раководителот на одделението за градежништво проф. д-р Маријана Лазаревска.






