
Делегатите на Одделението за градежништво при Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), Панче Грков и Висер Палоши, учествуваа на 82. Генерално собрание на European Council of Civil Engineers (ECCE), кое се одржа 18 – 20 јуни во Брага, Португалија.
На Генералното собрание присуствуваа претставници на инженерските организации од повеќе европски држави, при што беа разгледани актуелни теми поврзани со прифатливо домување, изградба на домови, етички принципи во професијата, усогласување и ревизија на основни организациони документи.
Присуството на претставниците на КОАИ претставува потврда за активната улога на Комората во европските професионални организации и нејзината посветеност кон унапредување на инженерската професија преку размена на искуства, знаење и добри практики.
КОАИ продолжува активно да придонесува во работата на ECCE, зајакнувајќи ја меѓународната соработка и создавајќи нови можности за своето членство.






