Комората на овластени архитекти и овластени инженери продолжува да го зацврстува своето место како релевантна и влијателна професионална институција во регионот. Присуството на КОАИ во едно од најреномираните регионални стручни списанија од областа на инфраструктурата и инженерството претставува уште една потврда за растечкиот углед на Комората и за препознавањето на нејзината улога во развојот на инженерската професија.
Оваа регионална промоција е резултат на активното учество на КОАИ во меѓународни иницијативи, континуираното унапредување на професионалните стандарди и посветеноста кон современи инженерски практики, дигитализација, стручна едукација и меѓукоморска соработка.
КОАИ останува посветена на градење силни партнерства со сродните инженерски комори и професионални организации во регионот и Европа, со цел размена на знаење, усогласување на стандардите и создавање нови можности за македонските архитекти и инженери.
Ваквото меѓународно позиционирање претставува значаен чекор кон афирмација на македонската инженерска и архитектонска професија и дополнителен мотив КОАИ да продолжи да биде двигател на позитивни промени во интерес на своите членови и на целокупниот инженерски сектор.






