Локација: хотелот „Double Tree by HILTON“ Скопје
Почитувани колешки и колеги инженери,
Ни преставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на Вториот Македонски конгрес за патишта, кој ќе се одржи на 3 и 4 ноември 2022 година во Скопје, во хотелот „Double Tree by HILTON“.
Повод за организација на овој врвен научно стручен настан - Втор Македонски конгрес за патишта 2022 е 55 годишниот јубилеј од основање на Друштвото за патишта на Македонија, како финален настан во одбележувањето на овој голем јубилеј на една од најстарите стручни асоцијации во државава.
Покровител на Вториот Македонски конгрес за патишта е Претседателот на Владата на РС Македонија.
Во нашата земја и во регионот, во тек се значајни инвестиции во областа на патната инфраструктура, што претставува уште една причина за организација на Конгресот.
Најавено е учество на еминентни меѓународни научници и експерти од областа на патиштата, од земјава и Европа, што претставува можност за пренесување на позитивни искуства и знаења.
Теми на претстојниот Прв Македонски конгрес за патишта се следниве:
• Планирање и проектирање
• Управување, изградба, и одржување
• Безбедност на сообраќајот на патиштата
• Заштита на животната средина и одржлив развој
• Транспортна политика и финансирање
• ITS и нови технологии во сообраќајот
• Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти
Ги повикуваме сите домашни и странски експерти да земат активно учество на Вториот Македонски конгрес за патишта, на кој ќе ги изнесат своите научни и стручни сознанија по дадените теми.
Истотака, ги повикуваме сите домашни и странски компании да го поддржат Вториот Македонски конгрес за патишта и да се промовираат пред Македонската и меѓународната јавност од областа на патиштата.
Очекуваме овој Втор Македонски конгрес за патишта 2022, да претставува успешен континуитет на Првиот Македонски конгрес за патишта во 2019 год. на кој имаше околу 350 учесници од 16 земји во Европа, со повеќе од 60 научни трудови.
Сите дополнителни информации во врска со Конгресот, на кој ќе се врши и пријавување на учесниците, ќе можете да ги најдете на: www.mare.org.mk