Континуирана професионална едукација

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Innovative Approaches in Geotechnical Engineering: Construction of Galata Cruise Port (Galataport)

Едукација
Датум: 11 Ное 2022

Локација: Амфитеатар на Градежен факултет Скопје  |  Град: Скопје, Македонија

Ве информираме дека предавањето од почитуваниот Професор Ахмет Сагламер од Турција кое беше закажано на 11.11.2022 година на Градежниот факултет, се одложува поради оправдани причини на Професорот.

За новиот датум за одржување на предавањето, ќе бидете дополнително известени.

-------------------------

Согласно воспоставениот тренд на организирање средби помеѓу членовите на Друштвото за геотехника, веднаш после успешните „Геотехнички денови во Комората" на кои се одржа еднодневна обука на тема „Стабилизација на косини и контрола на ерозија за одржлива геотехника", чест и задоволство ни е да го најавиме стручното предавање на почитуваниот професор Ахмет Сагламер од Турција - визитинг професор на Градежниот факултет – Скопје.

Истото е со наслов: Innovative Approaches in Geotechnical Engineering: Construction of Galata Cruise Port (Galataport), во кое се преточени искуствата од проектирање и надзор при изведба на овој капитален објект во Истанбул.

Предавањето ќе се одржи на ден 11.11.2022 (петок), во период 11.00-12.00ч. во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје.

 

Адреса
Blvd Partizanski Odredi 1000, Shkupi 1000, North Macedonia
Скопје, Македонија

 

Мапа