Локација: Градежен факултет Скопје / Амфитеатар
Комората има исклучителна чест да Ви го претстави професор д-р Миленко Пржуљ, каде по покана на Градежниот факултет од Скопје, ќе одржи свое предавање и промоција на неговата нова книга „Мостови“.
Професорот Пржуљ своето предавање ќе го одржи на тема „Современи технологии за изградба на бетонски мостови“ на 19 април 2016 година, со почеток во 09:00 часот во амфитеатарот на Градежниот факултет во Скопје.
Пријавата и регистрацијата за настанот е задолжителна и се прави на следниот линк: РЕГИСТРАЦИЈА
Бројот на слушатели е ограничен на 100.
[PDF] Краток приказ на книгата „Мостови“
[PDF] Предавање „Современи технологии за изградба на бетонски мостови“
Повеќе информации за делото на проф. Пржуљ можете да најдете подолу
Проф. д-р Миленко Пржуљ е редовен професор на Градежниот факултет во Сараево за предметите Вовед во мостоградба, Мостови, Спрегнати и пренапрегнати конструкции.
Тој е водечки проектант и раководител на секторот за мостови и конструкции во проектантскиот завод за патишта и мостови Трасер Сараево од 1960 до 1940 година. Има проектирано голем број на мостови во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Ирак, Либија и Пакистан. Позначајни мостови се преку Јабланичкото езеро, реките Сава, Дрина, Неретва како и реката Тигриса во Ирак.
Претседател е на комисијата за ревизија и технички прием на објекти за 14-тите зимски олимписки игри во Сараево во 1984 година.
д-р Миленко Пржуљ е ревидент и консултант за мостови и инженерски конструкции во Друштвото за управување со инвестии од Љубљана за иградба на 550км автопатишта во Словенија од 1955 до 2012 година.
Автор е на 106 стручни и научни трудови, 9 монографии и 3 учебници за Спрегнати конструкции, Челични мостови и Мостови. Авторот е ментор за поголемиот дел на насоките за проектирање на мостови и инженерски конструкции во Словвенија, Босна и Херцеговина и Србија.
Претседател е на Здражението на градежни конструктори на Југославија од 1981 до 1985 година.
Експерт е на Обединетите нации за патишта и мостови од 1970 до 1990 година.
Добитник е на наградата за животно дело од Словенечката комора на инженери за иградбата на автопатишта во Словенија.