Локација: On-line
Почитувани членови на Комората, Ве покануваме да се приклучите на вебинарот „Вовед во БИМ“ – првиот од низата активности на Smart Solutions - авторизиран партнер на Autodesk во Македонија заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а со цел запознавање на членовите со БИМ алатките и методите на работа во БИМ. Во ова воведно предавање ќе започнеме од основите и ќе зборуваме за тоа што е БИМ, каде и како се користи денес на овие простори. Ќе дадеме преглед на тоа кои алатки ни се нудат денес и како изгледа еден БИМ проект, а ќе започнеме и некои други теми за кои повеќе ќе се дискутира во настаните што следат. Вебинарот е наменет за сите професии вклучени во градежниот процес. Предавањето ќе се одржи на 2 март 2023 година, со почеток во 10:00 часот и ќе се одвива на хрватски јазик преку ZOOM платформата. - Предавач: Ведран Орешиќ | БИМ Консултант, TD Synnex Архитект со десетгодишно практично БИМ искуство во многу БИМ проекти од различна големина и сложеност и имплементација на БИМ процесите во многу архитектонски канцеларии. Како БИМ консултант, тој учествува во организацијата и имплементацијата на БИМ проектите и им помага на различни учесници сами да ги совладаат потребните БИМ вештини. |
|
|